ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

ПОКРЕНИ СЕ: ВРЕМЕ Е ЗА ПРОМЕНИ



Дојде пролета – време е за промени и нови искуства.Тоа е природата ,или природно Меѓутоа, дали ние сме природни? Затоа , и покрај фактот дека се се менува,од момент во момент ,во нешто друго ,нашата тенденција да функционираме како автомати останува непроменета.Ако погледнеме ,ќе видиме дека тоа е една од главните препреки во развивањето и трансформациајта на нашите капацитети за да живееме по свесен, по среќен и по исполнет живот.

Ако не сме подготвени да ги погледнеме работите од поинаква перспектива,ќе имаме тенденција да ги одржуваме истите стари форми на однесување:Во тој случај ,резултатите кои следуваат ,исто така,нема да бидат ништо подобри.Како што кажува библијата : “ Како што сееш, така и ќе жнееш “.

Оние од нас кои не се помируваат со status quo , што може да направат што би ги покренало во правец на нови предизвици,перспективи и искуства?


ДА ГО РАЗБУДИМЕ ИНТЕРЕСОТ ЗА ПРОЦЕСОТ НА РАСТЕЊЕ

За да имаме интерес да растеме,мора да увидиме дека секоја друга солуција е противживотна и, со самото тоа ,причина за многу поголема болка и страдање отколку отворањето према процесот на промени.Оттука, постојат само две патеки во животот.Едната патека оди напред,во правец на прогресот, експанзија
на свеста,созревање и слобода, а другата оди наназад во регресија,затворање и дегенерација.За да одиме по овој,другиот пат,не ни е потребен никаков свесен напор,енергиа и интелегенциа,доволно е да продолжиме да се препуштиме на линијата на помал отпор и да не размислуваме ,каде стварно одиме.Во спротивно, за да тргнеме по патот на напредокот,мора да ги разбудиме импулсот за ослободување од животните условувања.Затоа што ,без тој импулс,нема ни главата да ја подигнеме за да го погледнеме небото, како што треба.Вечно ќе
гледаме да одиме по старите, добро познати патеки.Тоа значи дека ќе тежнееме да ги посетуваме истите места,ја облекуваме стално истата гардероба,јадеме иста храна секој ден,ги мислиме истите мисли,реагираме,зборуваме и работиме на ист начин,гледаме исти емисии на ТВ,сонуваме исти соништа итн.За да излеземе од тој маѓепсан круг на автоматизмот,да погледнеме со свежи и непристрасни очи што ни носи повеќе болка, страдање,конфузија и конфликти – процесот на растење или дегенерацијата?Кога ќе ја разбереме вистината ,што може да направиме со што ќе ни се врати смислата на животот? 


ДА ВЕЖБАМЕ ЈОГА

Како што рековме на почетокот, дека несвесното функционирање е како автоматски пилот и една од главните препреки на растењето и промените,кога е јогата во прашање, таа природно ја лечи оваа погубна навика.Јогата не отвара и ни помага да станеме свесни за тоа што го работиме а што не требало да го работиме, и што не работиме а што би требало да го работиме.Исто така, јогата ќе ни даде алатки и принципи кои ќе ни помогнат да го правиме она што треба да го правиме и да не го правиме она што не треба да го правиме.Затоа,со јогата нема измами, доколку ни е намерата искрена и срцето отворено.Јогата има повеќе од доволна моќ да ни помогне да излеземе од “ конфорната зона “ и влеземе во состојба на способноста да останеме ускладени со текот на промените.Потребно е само да веруваме дека ниа тоа го можеме,дека имаме желба да превземеме конкретни чекори на тој пат од “ од темнината кон светлоста “ да бидеме трпеливи и истрајни се додека тоа не случи.


ИСКОРИСТЕТЕ ГИ ПРИРОДНИТЕ ЦИКЛУСНИ ПРОМЕНИ

Како што можеме да забележиме,животот се одвива во цилкуси.Ден и ноќ, растење и опаѓање на месечината, менување на годишните доба, состојба на будност и состојба на спиење, акутни симптоми на болест или природен процес на оздравување и прочистување,состојба на бременост и состојба по породувањето итн.Прашањето е како да ги искористиме овие природни циклусни промени ?


Пред се , мораме да ги забележиме преодите од една состојба во друга.Во спротивно ,додека ние се сетиме дека нешто се случува,поминал возот.На пример менувањето на денот и ноќта.Што точно се случува,пред да излезе или да зајде сонцето.И птиците знаат дека тогаш се спушта неверојатен мир и дека земјата е тогаш во
равнотежа.Оттука, дури и птиците се тихи и го користат моментот да бескрајно уживаат во хармонијата.Единствено градскиот човек не е свестен за ова ,за жал. Сепак,оние кои знаат за оваквите моменти,може да го искористат тоа во интерес на смирување и враќање во баланс.


Да земеме друг пример,доаѓањето на пролета.Сите забележуваме дека тогаш ни се буди нагонот за излегување надвор.Така ,ова е одлична прилика да се покренеме и да го реорганизираме животниот стил.Да воспоставиме нови навики и рутини, кои ќе ни помогнат да ја искористиме предноста на ово циклус.Тоа е време на природно прочистување и враќање на изгубената сила во текот на зимата,како и
и отворање кон новите предизвици.Затоа,ова треба да се искористи,без колебање.


АКО НЕ ЗАНЕМЕ ОД КАДЕ ДА ПОЧНЕМЕ ДА ПОЧНЕМЕ СО ПРОШЕТКА

Во денешно време , кога скоро се е автоматизирано ,многумина од нас забораат да го задоволуваат еден од основните нагони – нагон за активност.Како резултат на ова заборавме да дишеме,чувствуваме и да мислиме како треба.Работата на нашиот организам е сериозно пореметена,не можноста тоа да го видиме,се додека не се разболеме така да не можеме воопшто да функционираме,ние ништо не превземаме А кога ќе се разболеме ,прво го бараме решението во лекарствата и не сонуваме дека решението се наоѓа во покренувањето на психофизичките системи на еден природен начин.Еден од простите начини како да се покренеме и да го корегираме своето гледање на работите е свесното шетање.Дека тоа е добро, знае секој лекар.
Но ,да се знае и работи,се две тотално разни работи.

За да прошетката стварно делува,прво мора да бидеме свесни што стварно се случува кога шетаме.Во спротивно, работата ќе се сведе на одење од едно место на друго.За да тоа не се случи ,да направиме од прошетката свесна акција,како што тоа го работиме во јогата на пример. Однапред да ја одредиме маршрутата која намераваме да ја поминеме.Тоа може да биде патот од работното место до станот ,на пример.На овој начин најлесно ќе се воспоставиме во пракса затоа што за да прошетката ставрно делува,да влијае значително на промените, потребно е да ја повторуваме редовно на подолго време.

И на крајот,кога веќе сме пошле , треба да го пронајдеме својот сопствен ритам на прошетка и да заборавиме на тоа дека треба да стигнеме на време,таму каде што сме се упатиле.Најважно е да не ја губиме спонтано синхронизацијата на покретите и дишењето, и да сме подполно присатни во она што се случува во моментот.Ако тоа го имаме,многу бргу ќе запазиме многу интересантни работи.
Ќе забележиме како нашето дишење почнува да тече заедно со покретот.Како резултат,ќе почувствуме навала на свежа енергија и намалување на напнатоста во мускулите.Од друга страна, нашиот ум ќе биде освежен со нови мисли и идеи.Уште ако прошетката се реализира во природа,искуството ќе биде фантастично.

Не ни треба многу искуство,па да заклучиме : прошетката е идеална физичка активност.Затоа што,ние сме родени за да се движиме,а не да ја користиме секоја прилика да седиме,лежиме или гледаме ТВ.Оние по малубројните,од нас, кои го гледаат животот како божји дар и прилика да бидеме креативни и корисни, немаат многу време и енергија за бесцелно трошење.Што уште да кажам а што би влијаело да се покренеме и направиме нешто племенито за својата душа?

ОК.Нашиот сопствен развој е најважна работа на светот,затоа што од тоа сите сите ќе имаат полза, а не само ние самите.

 



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.