ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Истегнување

 

Истегнувањето е многу важно за секој спорт или било која физичка активност, но голем број на вежбачи ја занемаруваат оваа активност. Со помош на истегнувањето се зголемува флексибилноста и со тоа се спречува да дојде до несакани повреди кои можат да настанат при вежбањето, исто така се зголемува силата и кондицијата. Еластичниот мускул брзо се собира и опушта и има поголема сила од мускулите кои се крути. Еластичноста исто така ја подобрува рамнотежата.

Вежбите со истегнување можат да се прават после краткото загревање , подигнувањето на тегови или на крајот на вежбањето . Уште една додатна корист е тоа што при истегнување имаме ефект на релаксирање и опуштање. Можете да ги правите секој ден додека не станете доволно еластични а после тоа можете 3 пати неделно.

Неколку корисни совети

  • Секоја вежба за истегнување започнете ја пополека, издишувајте додека се истегнувате
  • Пробајте при секое истегнување да се задржите барем 10 до 30 секунди
  • Истегнете го мускулот за 10 % повеќе од неговата нормална должина
  • Немојте премногу да се истегнете или истегнувањето да го направите нагло
  • Немојте да истегнувате мускул кој не е загреан
  • Ускладете го дишењето додека ги правите вежбите со истегнување, немојте да го задржувате воздухот.

Доколку почувствувате некаква болка или нелагодност при изведувањето или после тоа , треба да ја пронајдете причината. Јаката болка посебно во зглобовите, лигаментите или тетивите обично индицира некоја врста на повреда и во тој случај е најдобро да прекинете со истегнувањата или со другите вежби додека не закрепнете.

Ако правилно ги правите вежбите со истегнувања не би требало да чувствувате болка . Доколку осетите болка после тоа тогаш сте претерале и тоа е знак дека треба да го намалите интензитетот , на премногу истегнатиот мускул потребно му е време да се опорави и да постигне ниво на еластичност пред повредата.

Немојте да правите вежби со истегнување доколку не сте ни малку загреани, тоа е најлесен начин да се повредите.

 

 

 



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.