ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

ПРИРОДНА КОЗМЕТИКА ОД ВАШАТА КУЈНА

 

Prirodna kozmetika iz kuhinje
Дали знаете дек во вашата кујна се кријат прекрасни работи не само за вашиот стомак туку и за вашиот изглед? Затоа прочитајте како можете секојдневните намирници да ги употребите како козметички сретства.


БАНАНА

На кого му треба ботокс ако има банани?Токму така:дотичното овошје може да се користи како потполна природна маска за лице која ја влажни кожата и ја прави помека.Добро испасирајте една зрела банана од средна величина(пасирајте додека не добиете глатка маса),а потоа нежно нанесете ја на вашето лице и врат.Оставете ја да стои 10-20 мин. ,а потоа измијте го со ладна вода и погледнете се во огледало!Вашата кожа ке биде помека и повлажна!Еве уште еден сличен рецепт за маска која ја храни кожата: според горе припреманата смеса од банана додадете 4 лаж.не мастен јогурт и 2 лаж. Мед!Се користи на ист начин како горе наведената маска.


ОЦЕТ

Употребувањето на оцетот датира уште од времето на Јелена Тројанска-да ве потсетам тоа е онаа госпоѓа која ја украде Орландо Блум во филмот- Троја, а потоа Бред Пит мораше да ја регулира ситуацијата,но за жал со трагичен крај.Но,шегата на страна историските податоци навистина покажуваат дека Јелена Тројанска користела оцет како исклучителен тоник,а овој рецепт е и денес во употреба:Прво измијте го лицето со млака вода,а потоа мешавина која се состои од 1 лаж.природен јаболков оцет и 2 шољи вода нанесете ја на лицето.Оваа постапка ќе ви ја исчисти и тонира вашата кожа.Исто така,можете да направите и сопствен третман на лице со мешавина од 1/4 јаболков оцет и 1/4 вода.Нежно нанесете го на лицето и оставете да се исуши.


МЛЕКО

Направете маска со мешање на 1/4 шоља млеко во прав со доволно вода за да се формира густа маса.Темелно покријте го лицето со оваа мешавина и оставете потполно да се исуши,а потоа измијте го со топла вода.Вашето лице ке изгледа свежо и подмладено.


ОВЕСНА КАША

Ако немате време за држење маска подолго време,а ви е неопходен свеж изглед кој остава впечаток и овозможува да изгледате подобро- тогаш направете избор: овесна каша!Помешајте 1/2 шоља топла не зовриена вода и 1/3шоља овесна каша.После неколку минути кога убаво ќе се направи смеса ,додадете 2 лаж. Ниско мастен јогурт, 2 лаж. Мед и белка.Нанесете тенок слој на лицето и оставете да одстои 10-15 мин.Потоа измијте го лицето со топла вода.


МАЈОНЕЗ

Зошто би ги трошеле парите на креми кога можете лицето да го третирате со смирувачка маска од мајонез?Нежно масирајте го лицето со мајонез и оставете го 20 мин.,а потоа исчистете го со ладна вода.Вашето лице ќе биде чисто и глатко!


ЈОГУРТ

Не морате да трчате на козметичар за да ја исчистите кожата и да ги затегнете брчките .Наместо тоа земете обичен јогурт и намачкајте го лицето.Оставете 20 мин.,а потоа благо исплакнете го.Ќе бидете изненадени на свежината со која просто кажано ќе зрачите!

Ако сакате и ревитализација пробајте ја следнава маска:Помешајте 1 лаж.обичен јогурт со сок од 1 парче портокал(со се кора) од 1 лаж. Гел од Алое.Оставете ја мешавината на лицето најмалку 5 мин.,а потоа полека измијте го со млака вода.


СЕНФ

Одлична маска за зацврстнување и стимулирање на кожата на лицето.Користите благ сенф така што нежно ќе го натапкате на кожата на лицето.Но,кај оваа маска бидете претпазливи постојат особи (со посветол тен) на која и благ сенф може да створи иритација затоа пробајте на мал дел на лицето.Доколку се појави црвенило(не паничете-бргу поминува) тогаш оваа постапка не е за вас.


ЛИМОН

Мешавината на сок од еден лимон и 1/4 маслиново уље може да се користи и бадемово масло одлично делува на кожата која треба да “продише“.Не само што со помош на оваа маска ќе ја регулирате влажноста на вашата кожа , туку таа ќе стане и посвежа со посветла нијанса која дискретно се прелива.


ЈАЈЦА

Дали имате време и пари да поминете до козметичар кој ќе ви каже колку грозно изгледа вашата кожа? Немате? Во тој случај трк до фрижидерот и земете едно јајце.Ако имате сува кожа на која и треба хидратација одвојте ја жолчката и добро измијте ја.За мрсна кожа добро изматете белка со додаток на неколку капки лимон или пола лажица мед.За нормална кожа изматете цело јајце.Значи во зависност од типот на кожата ставете маска што ќе ви одговара,опуштете се и чекајте 30 минути,а потоа измијте го лицето со млака вода .Ќе ви се допадне новото,свежо лице кое ќе го видите во огледало!



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.