ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

ПСИХОДРАМА


Povezano sa: Psihodrama i dijeta


Иднината каква ја посакуваме веќе сега живее на психодрамската сцена

PПсиходрама е групна психотерапија која ги користи сценските средства,како што се играњето на улоги,замената на улогите, монологот, дубл, огледување , проекција во иднината и други психодрамски техники.Наместо за проблемот само да се зборува истиот се обработува на сцената.Проблемот се “ оживува “, тој повторно се случува,сега и овде на сцената и во групата,со што протагонистот - член на групата кој е во центарот на психодраматската акциа ,добива можност да излезе од ситуацијата,да ја гледа од страна,да ја види од аголот на некој од другите “ актери “ на проблемот,да ја извлече заедничката нишка со предходните ситуации во животот, да проба поинаку и да ја “ увежба “ новата улога во животот.

Замислете го невозможното, на психодрамската сцена тоа може да се реализира.
Психодрамата овозможува испробување на разни можности без казнување за
грешките кои би биле казнети во стварниот живот.Психодрамата се користи за
едукација,подготовка за животот,психотерапија,советување, подржување на лицата
кои се на заедничка задача.Таа е многу прилагодлива на потребите на поединецот и
на групата, силно средство за менување на личноста и групата.

На психодрамската сцена практично се е можно, протагонистот може да биде на
местото на кое никогаш не бил,повторно да биде дете,да биде во улога на својата
мајка ,татко.баба,дедо,прадедо, или во улога на Господ, неживо суштество, домашно
милениче или во улога на голем државник.Може да се сретне со лица кои во
животот повеќе не може да ги сретне: со починатите родители,може да се прости со
својот другар од детсвото или со досегашниот начин на живеење.

Важни функции на псидрамското одигрување се доживувањето на катарза,односно
емотивно празнење,постигнување на рационален увид ,можност за добивање на
емоционална репарациа по пат на нов исцелителен однос,стекнување на искуства
кое е на ниво на подполно доживување во “ сега и овде “ кое ги обединува телесните
менталните, духовните,емотивните и рационалните сензации кои од сцената се
“ пренесуваат “ во животот.

Психодрамската група им овозможува на своите членови да на сигурно место се
испробаат себе си во нови улоги,да истражуваат зошто промената која ја посакуваат
не се случува сама од себе,да ги утврдат сопствените правила на однесување во
односите кои се повторуваат со разни личности,да ги расветлат начините на
комуникација со за нив важни луѓе,да трагаат за причините на несаканите однесувања и односи ,како и да пробаат разни решениа за проблемите.Целта на психодрамата е развивање или враќање на изгубената спонтаност и развивање на креативноста.

Псиодрамската акција овозможува стекнување увид зошто проблемот и понатака
постои иако се трудиме долги години да го решиме,зошто не сме онакви какви би
сакале да бидеме и што е потребно да менуваме кај себе.Промените бараат – соочување со отфрлување на старите форми на однесување,но и пронаоѓање на барем еднакво добри замени во вид на нови форми на однесување,- соочување со околината која тешко се помирува со промените,или можеби не сака промени,која се бори за одржување на старите состојби,- соочување со предизвиците на новото, непознатото и поради тоа застрашувачкото.Неподготвеност за такви промени може да биде причина за откажување од посакуваното и враќање на познатите стари методи за задоволување на потребите.Структурата на една психодрамска сеанса се состои од :

  • Загревање – се реализира на ниво на целата група,а може да биде акцијско,
    водена фантазија,вербално или не вербално посветено на подигнување на
    енергијата,развивање на кохезија во групата,запознавање на членовите,вовед
    во индивидуална психодрамска работа ,или едноставно служи за развивање на
    нови или на запоставени животни улоги.
  • А на психодрамската работа – еден член на групата е во центарот на психо –
    драмската акција ,односно својот проблем или темата на работата со помош на
    психотерапеутот кои уште се нарекува и директор на психодрамата ја
    предсатвува на сцената со помош на членовите на групата.Следува проработката
    односно психодрамската акција во која проблемот се представува на сцената,
    обично со психодрамски техники се овозможува увид во суштината,потеклото
    на проблемот.
  • или социодрамска работа – кога е целата група на психодрамската сцена и го
    решава проблемот кој е заеднички за целата група.
  • поделба или shering – во која сите членови на групата ги делат своите чувства
    со протагонистот,асоцијациите и искуствата који се слични со неговите
    ( исклучувајќи ѓи советите ).Враќајќи се кон себе членовите на групата
    стекнуваат увид во сопствените чувства било да се во улоги кои им ги доделил
    протагонистот или сцената ја набљудувале како дел од публиката.

 

Повеќе за тоа како психодрамата може да ви помогне во држењето на диета во следниот текст. >>



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.