ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

Магдонос


Оваа билка претствува вистинско богатство и богат извор на витамини и минерали кои се неопходни за нормално функционирање на човечкиот организам. После плодовите на шипка и боровница, магдоновиот лист содржи најмногу витамин Ц дури 170 мг. во 100 гр. исто така содржи и голема количина на провитамин А, витамини од групата Б, дури и реткиот Б12 кој е многу важен за изградба на црвените крвни зрнца. Ги има минералите : железо, калциум, манган, магнезиум, бакар ...

Магдоносот низ историјата

Магдоносот е користен за многу намени, пред повеќе од 2000 години во Египет, Рим и Грција. Старите Римјани верувале дека доколку џвакаат лист од магдонос нема да можат да се напијат колку и вино да испијат, гладијаторите го јаделе бидејќи мислеле дека им дава сила, им ги зајакнува рефлексите и ги прави жилави. Старите Египјани магдоносот го користеле за лекување на болести на бубрегот и мокрачните патишта а старите Грци не го користеле во исхраната туку го прогласиле за света билка и правеле венче кое го носеле на гозби и каде ги кителе своите херои. Во Англија стигнал дури во XVI век . Во средниот век го користеле исклучиво како лек, дури и семето го сметале како лек против чума. Иако потеклото му е од Блискиот исток, магдоносот брзо се раширил низ цела Европа. Колонистите го однеле во Америка каде исто така добро е прифатен а факт е дека каде и да има магдонос луѓето го користеле многу.


Магдоносот како зачин и лек

Магдоносот е на листата на седумте најмоќни зачини со лековите својства. Во таа листа спаѓаат и ѓумбирот, ориганото, циметот, куркума, жалфија и црвена пиперка.

Магдоносот претставува моќен диуретик и помага во исфрлувањето на течностите од организмот, го регулира крвниот притисок, го смирува нервниот систем, го подобрува имунитетот, сокот или чајот од оваа билка во народната медицина се користи и како лек за слабокрвност.

Освен што ја подобрува циркулацијата , ги ублажува проблемите со бешиката и мокрачните канали, го чисти организмот од токсини, ја подобрува крвната слика, делува против воспаленија на очите , делува превентивно на бубрезите, кожата и црниот дроб, спречува да дојде до иритација после убоди од инсекти, се користи и за спречување на надуеност, за прочистување на крвта. Познато е дека со грицкање на магдонос го спречува непријатниот мирис на устата, а од оваа билка се користи се ... и листовите и коренот и семето. Исто така поволно делува и на циркулацијата и кардиоваскуларните заболувања. Заради присуството на состојката апипола ги дразни внатрешните органи и ги отстранува пречките во крвотокот. Магдоносот најмногу го има во етеричното масло кое се добива од семето и коренот. Етеричните масла ја стимулира функцијата на матката, ја намалуваат инфекцијата на уринарниот тракт и ги уништува бактериите. Се препорачува кај анемија бидејќи содржи железо и витамин Ц. Витаминот К кој го има во магдоносот во големи количини може ја намали крутоста на коските а и со тоа да ја намали можноста на скршеници.

Плодот и маслото освен што делува диуретично се користи и кај воспаленија на простатата и спречуваат реуматизам, артритис, дебелеење. Грицкањето на магдоносот во деновите пред циклусот ќе ги отстрани вишокот на течности од телото а делува и на жлездите и на неплодноста. Свежо исечен делува кај болки во увото и забоболката.
Сепак магдоносот не е потполно безопасна билка. Негово користење во бременоста мора да биде строго контролирано и дозирано . Како лек за бубрезите не смее да се користи без одобрување на лекар а магдоносовото масло може да се користи само со лекарски рецепт. Маслото може да има и несакани ефекти како на пример иритација на гастроинтестиналниот тракт, оштетување на црниот дроб, аритмии, пликови по кожата и треба да се внимава да не се поминува на места каде е посаден магдонос кога лисјата се влажни.


Неколку рецепти ...

Чај за разни тегоби

Прелиете 50 гр.свеж магдоносов лист со еден литар превриена вода. Поклопете ја и оставете 10 минути . Дневно пијте 2.5 дцл . Помага кај грозница, ги исфрла токсините од телото и го регулира менструалниот циклус.

Сируп за смирување

Добро измешајте 1 кг. багремов мед , 2 дц сок од коренот и листот на магдонос и 5 дл. сок од малина. Конзумирајте го три пати пред јадење.

За слабеење и детоксикација на организмот

Потребно е 1 шоља свеж магдонос, 2 моркови ,2 целер. Морковот е богат со витамин А и делува како антиоксиданс а целерот содржи магнезиум и железо. Сите билки исчистете ги и исецкајте ги па ставете ги во соковник. Добиениот напиток конзумирајте го еднаш дневно.

И уште...

Листовите на магдонос содржат етерични масла и најдобро е да ги зимате во свежа состојба бидејќи така ќе ги искористите неговите својства. Не е препорачливо да го сушите и конзервирате но затоа може да го замрзнете. За да го имате преку целата година може да го направите ова измијте го со вода и ставете го на чиста крпа памучна и оставете го да отстои за да се исуши. Утредента ситно исецкајте го и ставете го во пластична чаша и секоја чаша ставете ја во ладилник.



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.