ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

9 СОКРИЕНИ ПОТИКНУВАЊА ЗА ДА ОСТАНЕТЕ МОТИВИРАНИ


Motivacija za mrsavljenje

Кога се во прашање вишокот на килограми и желбата да тие се изгубат – тоа што ни е потребно – дури и повеќе од дисциплнираноста е – јаката мотивациаја или силата што не покренува да напаравиме било што без обзир на препепреките на кои може да наидеме.

Сите ни кажуваат да останеме мотивирани – нашите пријатели,колегите,роднините
не охрабруваат да истраеме и да не потклекнеме.Но , понекогаш се прашуваме
самите себе : Зошто сето тоа ? Зошто да давам се од себе кога на крајот пак ќе се
разочарам? Зошто да минам низ нешто што ќе ме повреди ? Зошто ?Затоа што овој пат ќе биде поинаку. атоа што не можете ништо да постигнете
ако се откажете од тоа.Разочарувања и грешки му се случуваат на секого.Разликата
помеѓу оние кои кои ги реализираат своите цели и оние кои во тоа не успеваат е
во тоа што овие првите остануваат мотивирани. Ако сте мотивирани,вие ќе
истраете.И ако сте истрајни на крајот ќе ја остварите својата цел.

Ви требаат уште причини ? Овде се девет скриени потикнувања да останете
мотивирани. Искористе ги сите или една кои ќе ја одржи искрата на мотивација во вас.


1. Самодоверба

Како се чувствувате после првото трчање во паркот / околината?Или како се чуствувате кога пешки одите до својата канцеларија / станот / продавницата на третиот спрат без да го изгубите здивот. ? Колку повеќе такви мали достигнувања ќе постигнете толку повеќе ќе верувате во себе

2. Облечете го најпосле тој фустан / костум !

Поминале две години како фустанот / костумот виси во вашиот гардеробер и чека да го облечете за вечерно излегување.Но , тука се уште неколку сантиметри вишок кои ве спречуваат да се “ средите “ .Се што е потребно е да прошетате некој кило- метар повеќе секој ден и така да останете на патеката на упорноста и истрајноста. Пред и да станете свесни, тие две години ќе бидат минато а вие ќе блеснете во новата / стара гардероба.

3. Направете ја оваа работна недела по лесна

Дали ви се чини понекогаш дека деновите или неделите се долги како вечност ? Или да се чувствувате како веќе да е петок а во стварност е вторник ? Ова се случува кога не тежнеете кон ништо – кога НЕМАТЕ цел! Кога ИМАТЕ цел пред себе и во својата глава , ќе имате желба да подготвувате здрави оброци или да одите во теретана.Така деновите ќе ви минуваат побзро и уште и ќе уживате.

4. Пронајдете ја смислата

На секому понекогаш му се случува да му е потребна добра причина да наутро стане од креветот.А таа причина е тука пред вас – конзумирајте здрав појадок кои ќе биде енергетско потикнување за вашите дневни активности ,прошетајте за да купите списанија или одете на утрински џогинг.Кога сте мотивирани тогаш се што работите има смисол.

5. За вашите деца

И за вашите внуци.И за нивните деца.Колку сте поздрави тоа подолго ќе бидете овде за да гледате како вашите деца ги одгледуваат вашите внуци.Тие ќе сакаат да сте што е можно подолго со нив и тоа прифатете го како уште еден поклон.

6. Снагата на моментот

Ова е научен факт – тоа што се движи има тенденција и да остане во движење. Моментите се нижат и може да не одведат до големи резултати.Одеднаш ќе разберете дека вие не работите само за остварување на своите цели туку зад себе да оставите некоја трага.Ова е и причина повеќе за да ги постигнете своите цели.

7. “ Вау “ ефект

Замислете го ова : Влегувате во ресторан, го забележувате некого од средношкол-ските денови кои ви се насмевнува велејќи ви : “ Вау, одлично изгледаш “ Aко сте упорни и истрајни во своите цели ова може да ви случи. Гледајте како “ Вау ефектите “ се множат во вашиот живот.

8. Ширете ентузијазам

Ако пријателите и фамилијата ве гледаат како напорно работите ќе се запрашаат како и они да ги достигнат сопствените цели.Погодете на кого ќе му се обратат за помош ? Ако останете мотивирани ќе си помогнете не само на себе туку и на другите.

9. Продолжете да стекнувате искуства

Колку повеќе работите повеќе и ќе научите и ќе разбирате.Ќе откриете која тактика најдобро работи за вас а која не .Тоа ви е како нега на градината – не е најпривлечната и најомилената работа на светот но кога ќе ја завршите ќе оставите прекрасно цвеќе и убав амбијент зад себе.Истрајте во работата и набрзо ќе имате една таква градина зад себе во која секое цвеќе ќе биде за вас.



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.