ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Хејова диета

 

Како настанала ХЕЈОВАТА ДИЕТА ?

Хејовата диета го носи името на докторот Viljemu Hauardu Heju кој се родил во 1866 год. и живеел до 1940 година кој загинал во собраќајна несреќа. Иако бил успешен хирург на својата 40 годишна возраст морал да прекине со својата работа бидејќи здравствената состојба драстично му се влошила, пател од проблеми со срцето , крвниот притисок, бубрезите и неговите колеги не му давале голема шанса за да преживее. Доктор Хеј својот здравствен проблем го согледал од повеќе агли и се ставил на една неизвесна авантура ... да ја промени исхраната со цел да се излечи.

Прво го согледал дотогашното секојдневно мени : неговиот оброк бил составен од месо или некој друг облик на протеин најчесто комбиниран со бел леб или компир. Овој оброк го опишал како основна храна на Американската трпеза. Оброкот го завршувал со пециво и две до три шољи кафе со шекер и млеко. Хејовиот начин на исхрана не бил невообичаен, месото и компирот биле долго време составен дел на трпезата. Може да се додаде дека Американците на почетокот на 1800 год. имале обичај да јадат големи оброци. Големите оброци биле знак на успех. Овакво гледање на храната почнало да се менува и доста совети за намалување на килограмите почнале во 1890 година.

Др. Хеј ја започнал својата специјална исхрана така што дефинирал два оброци (интегрални житарици, овошје и зеленчук, свежо месо и риба) а третиот оброк јадел само зеленчук. Престанал да пие кафе , но продолжил да пуши цигари и да конзумира алкохол. Навел дека неговата желба за кафе престанала за две недели. До крајот на третиот месец Хеј имал 79,4 килограми а пред тоа имал преку 90 килограми. Својата тежина ја сметал за нормална а себе за излечен бидејќи одлично се чуствувал на што покажале и испитувањата.

Диетата на др. Хеј настанала така да го излечила и самиот автор. Во својата книга “Health via Food“, која ја издале после 24 години после неговата дијагноза Хеј истакнал дека откако го променил начинот на исхрана го намалил крвниот притисок , отоците што биле предизвикани од вишокот на течности и дека му се подобрила многу кондицијата.



Креирање на диетниот план

 

Наредните четири години правел испитувања на диетата и правел вежби . Неговите испитувања се темелеле на работата на Иван Петровиќ Павлов . Руски психолог познат по своите испитувања направени на кучиња. Тој ни објаснува дека процесот на варење на храната кај кучињата покажува дека е потребно околу 2 саати да се свари скробот и околу 4 саати да се сварат протеините но и дека е потребно околу 13 саати да се свари мешавината од скроб и протеини.

Хеј смислил диета која е заснована на теоријата дека процесот на варење на храната влијае на здравјето. Телото го користи базниот просец на варење на јаглени хидрати. Во оваа група Хеј ги вклучил скробната храна и слатките. Варењето на протеините предизвикува киселина . Доколку јагленохидратите и протеините се внесуваат во исто време киселиот просец ја прекинува базната средина. Комбинирање на некомпатибилна храна предизвикува ацидоза т.е зголемување на киселоста во телесните течности. Ги поврзал комбинациите на храната со болестите како што се Брајтова болест и дијабетес. Неправилната комбинација предизвикува губиток на виталноста и ги дебели луѓето. Решението за тоа е јадење протеини преку еден а јагленохидрати преку вториот оброк . Групирал овошје во киселата група а зеленчукот во неутралната група, така да зеленчукот може да се јаде со било која група.

Др. Хеј дигнал раце од традиционалната медицина, хирургија и фармација. Верувал дека неговиот план за исхрана е подобар . Својата диета ја претставил на светот во 1911 година и го провел остатокот на својот живот промовирајќи ја .



рупи на храна и што се конзумира кај Хејовата диета

Можете да јадете еден оброк од една група концентрирана храна ( протеинска или скробна ) од неутралната група. Прилично едноставни правила зар не ? Растојанието измеѓу оброците треба да биде околу 4/5 саати.

Протеинската група вклучува :

  • Месо , месо од животни , риба , јајца , млечни производи кои вклучуваат млеко, јогурт и сирење. Млекото не би требало да го комбинирате со месото , требате со овошје.
  • Зрнестите плодови кои вклучуваат : леќа, грав , соја , просо
  • Овошје кое вклучува : јаболки, кајсии, јагоди , рибизли , грејпфрут, грозје , киви , лимон , манго , праска , портокал , сливи , ананас, малини , кајсии, мандарини. Лубеницата се во оваа категорија но треба да се јаде посебно.
  • Пијалоците кои се дозволени се црвено и бело вино

Неутралната група опфаќа:

  • Сето овошје освен она во скробната категорија
  • Сите врсти освен кикирики
  • Масти кои не вклучуваат путер и масла , жолчки и маслиново масло

Скробната група опфаќа :

  • Житарки , леб , ориз , производи направени од брашно и од интегрално брашно , пченка , овез и јачмен.
  • Скробниот зеленчук како што е компир, артичок
  • Слатко овошје како што е суво грозје, смокви , банана. Зрелите овошја не се дозволени заради високиот процент на шекер.

Пример за Хејова диета за викенд:

Режимот на исхрана во сабота започнува со доручек кој се состои од сок од портокал и млеко. За ручек ролат од домат, лук и салата од домат и краставици со мајонез и кајсија за десерт. За вечера печена риба или шницла , морков варен , салата од сецкана зелка , кромид, ротквица.

Неделниот план почнува со доручек од интегрален мафин, мед , путер и црно кафе. Ручекот е крем чорба или супа од морков, варен целер и салата од ананас, праска, и грозје. Дозволен е прелив од мајонез. Десерт лимон . Вечерата се состои од котлети од јагне, варен карфиол, варен кељ и салата од грејпфрут и кисела зелка со прелив од мајонез. За десерт свежи праски .

Хејовата диета денес

Хеј направил начин на исхрана за лечење на здравствени проблеми кои се поврзани со дебелината. Тврдел дека промената на начинот на исхрана е покорисна од лековите и лечењето на кардиоваскуларните заболувања и бубрежните заболувања.

Во современото друштво Хејовата диета се користи доста за намалување на килограмите и ја користат застапници на алтернативната медицина. Тие сметаат дека овој начин на исхрана спречува артритис, проблеми со варењето а исто така се препорачува на оние кои имаат проблеми со астма, алергии , кандида, како и хипогликемија.

Хејовиот план на исхрана бил потик да се направат многу диети .

Сепак бидете претпазливи :

- Диетата не предвидува количина и број на порциите, што е многу битен фактор во губењето на килограмите. Исто така може да дојде до губиток на минералите и витамините ако оброкот се ограничи на еден дневно.

- Исхраната со овошје и зеленчук ќе ви помогне да се ослободите од болестите но сепак мора да се внимава бидејќи во некои случаеви не може да излечи артритис, алергија и астма. Во секој случај потребен е персонализирано мени кое ќе ја опише баш вашата состојба.

 

 


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.