ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

ДИЕТА СО ЈАБОЛКА

 

jabuka

...или 3 јаболка диета

Диетниот план 3 јаболки на ден го осмислила американската нутриционистка Temi Flin.
Имено, таа приметила дека нејзините клиенти кои пред оброкот ќе изедат едно јаболко,губат
на тежината без да ги менуваат навиките во исхраната.Понатака следувале експерименти и
обиди слична метода да се примени и кај другите клиенти(оние што не јаделе јаболка пред оброк).Резултатите биле повеќе од добри: Само со јадењето на едно јаболко пред секој оброк клиентите губеле просечно 1 килограм неделно.Сето ова ја охрабрило и таа настојувала од овој факт да извлече што е можно повеќе: креирала и помошен диетен план кој уште повеќе го потикнува губењето на тежината,план кој што е познат како Диета со јаболка или 3 јаболка диета.


Основи на Диетата со јаболка

Оваа диета подразбира конзумирање на едно јаболко пред секој главен оброк.Идеата е дека влакната со кои јаболката е богата може лесно да го заситат човекот и затоа ќе му биде потеребно помалку храна за оброк а воедно ќе му ја намали/одстрани желбата за слатки.

Остатокот од диетниот план многу подсетува на диетата South Beach – значи во прашање е исхрана со релативно мали количини јаглено хидрати и намален внес на заситени маснотии. Рафинираните шеќери се забранети,а се употребуваат само намирници со низок гликемички индекс.

Препорачан број на оброци е 4 – 5 помали оброци дневно,базирани на здрава исхрана со малку маснотии.Секој оброк или ужина би требало да содржи некој протеин затоа што е докажано дека оваква комбинација го намалува апетитот и го подобрува губењето на тежината.

Лицата кои се на оваа диета се потикнуваат да земаат доста овошје и зеленчук и со тоа го намалат вкупниоот внес на калории а да не чуствуваат глад.


Препорачна храна

Јаболка,сирење со намалена масленост, јогурт со намалена масленост,јајца ,пилешки гради,месо од мисирка,риба,посна говедина,овес, кафеав ориз,брокула,зелена салата...


Пример на мени

Појадок

  • јаболко
  • омлет со сирење со намалена масленост
  • шоља варен овес

Предпладневна ужина

  • Парче сирење со намалена масленост
  • Шоља јогурт со намалена масленост

Ручек

  • Јаболко
  • Пилешки гради на скара
  • 2 шољи-брокули на пареа
  • шоља кафеав ориз

Попладневна ужина

  • капучино шејк

Вечера

  • Јаболко
  • Лосос на скара
  • Зелена салата


Препораки за вежбање

Се препорачува комбинација на лесен тренинг со тегови и кардио тренинг 3-4 пати неделно, минимум 30 минути


Зошто да се практикува оваа диета

  • Јадењето на едно јаболко пред оброк создава чувство на ситост и ја намалува можноста за прејадување.
  • Јаболката содржат диетни влакна кои можат да помогнат во намалувањето на холестеролот.
  • Јаболката содржат флавонаиди кои помагаат во спречувањето на срцеви заболувања и одредени видови на рак.
  • Оброците се добро балансирани со немасни протеини, сложени јагленохидрати, овошје и зеленчук.
  • Поголем внес на протеини од немасно месо го намалува апетитот и ја одржува мускулната маса за време на држење на диетата.
  • Диетата со јаболка го охрабрува внесот на свежо овошје и зеленчук.
  • Лесна е за следење – нема броење на калории или мерење.
  • Ја охрабрува физичката активност.


Зошто да НЕ се практикува оваа диета

  • Може да ви стане досадно пред секој оброк да јадете по едно јаболко.
  • Се елиминираат многу намирници на кои просечниот човек денес е навкнат ( пред се слатки).
  • Диетата со јаболка може да биде тешка за следење на вегетеријанците доколку сакаат стриктно да се придржуваат кон диетниот план.


Заклучок

3 јаболка диетата со својата комбинација на јадење на едно јаболко пред секој оброк и со диетниот план веројатно ќе доведе до намалување на килограмите и кај повеќето од оние кои се придржуваат кон програмата. Тука се и потенцијалните здравствени придобивки кои не треба да се занемарат.

На некого држењето на оваа диета со јаболка во еден момент ќе им стане досадно а во диетниот план не е предвидено “лажење” така да ако се решите за оваа диета, потребно е да го промените и животниот стил, што обично не е ни малку лесно... Па решението останува на вас.

 

 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.