ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

Антидепресивна диета

 

Десет корисни трикови кои ќе ви помогнат да ви се подобри расположението

1.Мени
На вашето мени нека бидат што повеќе намирници кои се богати со јагленохидрати кои го надокнадуваат хормонот на среќа,серотонин а намалете го внесот на протеини.Јадете повеќе компири,тестенини,ориз,грав,леќа,како и житарки или производи од житарки а намалете ја количината на месо,млеко и сирење.
Не заборавајте зимскиот период на вашиот организам да му обезбедите доволно намирници кои се богати со витамин Ц кој има одлична улога против зимскиот замор како на пример кисела зелка ,јужно овошје како и оние кои имаат незаситени масни киселини кои најмногу ги чуваат нервите како на пример маслиново масло,риба и авокадо.Во борбата против зимската депресија вклучувајте повеќе ароматични зачини кои исто така ја стимулираат продукцијата на хормонот на среќа: ванила,ѓумбир,коријандер и др.

2.Обезбедете доволно светлина
По будењето секогаш осветлете ја просториите на природен начин или на вештачки со помош на сијалици низ целиот стан,група на американски психотерапевти препорачуваат во спалната соба да поставите халогена лампа која автомaтски ќе се уклучува на 45 мин. пред вашето будење и така ќе ја одигра улогата на утринското сонце.

3.Престојувајте што повеќе на отворени места
Природната светлина го подобрува расположението,делува на продукцијата на хормонот на среќа,серотонинот и норадреналинот во мозокот.Да споменеме дека доволна светлина има од 2000 до 3000 лукс.а надвор и за време на најоблачните денови изнесува околу 4000 што никако не може да се спореди со сијалицата која јачина е 200 лукс.

4.Искористете го позитивното дејство на мирисите и подобрете го вашето расположение
Неколку капки на природно чисто етерично масло од лимун,мандарина,рузмарин,ментол,босилок,ванила или лаванда капнете во мирисната лампа исполнете со неколку лажици вода или измешајте десет капки со две лажици мед,млеко или сол и додајте во врела вода во бањата.

5.Внесете сончеви бои во просторот во кој живеете
Жолти или портокалови цветови во вазната,јастучиња на креветот или простирки на подот необично се корисни во борба против негативните влијаниа и лошото расположение кои го носат сивилото посебно кога нема доволно светлина во просторијата.Жолтата или портокаловата боја не будат и поткреваат. Преку зимата искорите го и терапеското дејство на останатите бои. На пример под влијание на црвената боја се полнат животните батерии, а плавата го смирува и потренува оптимизмот.

6. Започнете да пишувате дневник
Секоја вечер резеврирајте си 1 саат само за себе, во мислите вратете се на почетокот и пишувајте за тоа што ви се случило и за своите чувства. Научните студии покажуваат дека водењето на дневник многу релаксира,ослободува а воедно и пружа необично уживање а со самото тоа ви помага во борабата против лошото расположение и депресија.

7. Движете се повеќе
Најкорисно оружје против уморот е физичката активност. Без обзир на атмосверските прилики не ги избегнувајте долгите прошетки,брзото одење,трчање или возење на велосипед. Иако е зима тоа е идеално време и за редовно пливање или вклучување на некој облик на рекреација во затворен простор. Ако пак сакате да играте зимскиот период играјте секој ден како би ги надополниле батериите и би го задржале доброто расположение.

8. Ако сте во можност приуштете си исто како птиците преселници одмор во јужните краеви.
Освен плажите на другиот крај на светот во обзир доаѓа и продолжен викенд во некој од многуте блиски и вообичаени места кои би оделе и би ги наполниле батериите.

9. Дружете се повеќе
Негувајте ги социјалните контакти, посетувајте ги роднините и пријателите, излегувајте на заеднички вечери,во кино или театар. Психијатрите препорачуваат и многу е корисно зборувањето по телефон и секогаш кога сте лошо расположени повикајте ги пријателите.

10. Искористете ја музиката
Музиката со ритам од 60 удари во минута што одговата на смирениот ритам на нашето срце,совршено релаксира,психолозите препорачуваат Барокна музика,Бетовената симфонија,Моцарт.



 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.