ДИЕТИ ЗДРАВЈЕ УБАВИНА  ВЕЖБАЊЕ ДУХ/ТЕЛО ТАБЕЛИ И АЛАТИ РИЗНИЦА
 
  Најчитано:
УН диета
Месечинска диета
Диета со јаболки
Диета со јајца
Диета без диета
   
FORUM ФОРУМ
 
Запамти и сподели со другите !
   
  Искалкулирајте:
Индекс на телесна маса
Базален метаболизам
Потрошу. на калории
Табела на тежинa
 

 

ДИЕТА “УКИНУВАЊЕ НА ВЕЧЕРАТА”–до 2 кг помалку неделно




Американците сакаат да експериментиараат со нови диети така да последните неколку години
многу е популарана диетата “ Укинување на вечерата”.Оваа диета е многу едноставна за
спроведување и не бара посебни намирници и јадења.Примената на оваа диета подразбира едноставно да се укине вечерата,што значи деке после 16.00 часот не треба ништо да се јаде до утредента наутро (16.00 важи за оние луѓе кои рано стануваат и порано одат на спиење.

Кога лицето има поинаков дневен распоред,треба да се има во предвид да помеѓу последниот и првиот оброк треба да поминат најмалку 14 часа.
Кога ќе почнете да ја следите оваа диета ,во почетокот ќе ви биде тешко затоа што ќе бидете постојно гладни.Многу е важно во тој момент да не ја прекинете вашата диета (иако ќе ви е тешко),бидете трпеливи и полесно ќе се прилагодите – едноставно дајте си на себе малку време.После неколку дена ќе се навикнете затоа што гладта е нормална состојба на човекот.
Кога сме принудени да одиме на спиење гладни,нашата енергиа ,која би требало да ја користиме за варење на храната,се троши за елиминрање на штетните супстанци, зголемување на нивото на хормоните и регенерација на ќелиите.Ние секојдневно го оптеретуваме дигестивниот систем со вишок на храна и не му дозволуваме на желудникот да се одмори.Ова е причина за оштетување на многу органи,проблеми со здравјето и прекумерната тежина.

Значи,во склад со диетата Укинување на вечерата ,после 16.00 ч не треба ништо да јадете.Може да пиете повеќе течности-вода ,растителни чаеви и останати напитоци кои не содржат калории. Така ќе се ублажи чувството на глад и ќе се елимнираат токсините насобрани во текот на денот.



Придобивки од диетата "Укинување на вечерата"

Американскиот истражувачки центар за диететика укажал дека редовното користење на програмата Укинување на вечерата влијае на :

  1. Намалување на телесната тежина.Ако не земате храна после 16.00 часот,телото почнува полека да ги согорува маснотиите.Не треба да очекуваме инстант резултати, пред се треба да бидеме трпеливи.Телото ќе согорува неколку грама дневно и тоа е предност на оваа диета затоа што на овој начин нема да се појави вишок на кожа поради брзото губење на прекумерната тежина, а кожата полека ќе се прилагоди на намалување на тежината.
  2. Продолжување на младоста ( antiaging ).Извор на внатрешната младост е хормоналниот баланс и се додека нашето тело проузведува доволно хормони,ние сме здрави и изгледаме по младо.Гладта го стимулира производството на хормонот за растење и мелатонинот (хормон за спиење).Нашето тело лачи доволна количина на хормонот за растење до 21 година од животот и од тогаш лачењето се намалува додека во староста скоро да воопшто не го излачува.Кусокот на хормонот за растење резултира со слабост на мускулите,замор и зголемен ризик од кардиоваскуларни болести.
    Ако редовно ја следите програмата Укинување на вечерата ,зголеменото ниво на хормони ќе влијае на намалување на маснотиите во телото,јакнење на коските, зголемување на еластичноста на кожата,намалување на холестеролот во крвта, јакнење на имунитетот, намалување на заморот и подобрување на функциите на срцето. Обновување на сонот. Како што знаете ,додека спиете со празен стомак се произведува мелатонин, хормон на сонот.Тогаш температурата на телото се намалува и нашиот сон е подлабоки се регенерираат ќелиите во телото.Сите луѓе после добро проспиоена ноќ изгледаат помладо,и обратно,после непроспиени ноќи и сами знаете дека не изгледате добро.


Дали оваа диета навистина “функционира “

Коментарите на оваа диета се воглавно позитивни.Оние кои престанале да земаат храна после 16.00 часот изнесуваат импресивни резултати.Во првата седмица изгубиле 1-2 кг и продолжиле со губење на тежината.Луѓето кои оваа диета ја користеле две години ослабеле за 18 – 20 кг. Предноста на оваа диета е фактот дека навечер на телото не му е потребно воопшто храна.

 


 

Licni trener





  Диета.мк и на:  
Фејсбук група
Twitter

Фејсбук страница:

  Корисни линкови
Спортски суплементи

Фитнес центар


 

   
   

Содржината на овој сајт е сопственост на диета.нет :: Некои права се задржани и се под Creative Commons 3.0 лиценца. Тоа значи дека можат да се превземаат текстови но мора да биде именуван правиот извор на информации (линк према сајтот www.dieta.mk), содржината не смее да се користи во комерцијални цели и не смее да се менува на било каков начин.